ПАТОТ ДО СРЕЌАТА


Еден учител го прашал својот духовен учител:

 – Може ли да ми кажеш некој мудар збор? Нешто што ќе ме води низ животот?

Тоа бил денот на молчење на овој учител, па земал лист хартија и напишал:

  – Свесност.

Ученикот на ова рекол:

  – Тоа е премногу едноставно. Дали може малку поопширно?

Учителот тогаш напишал:

  – Свесност, свесност, свесност.

Ученикот возвратил:

  – Во ред, но што значи тоа?

Одговорот бил: Свесност значи…свесност.

Мудра приказна

Антонио де Мело во својата книга„Будење“ поставува неколку значајни прашања за свесноста:

Кога разговарате со некого, дали сте свесни или само се поистоветувате со разговорот? Кога сте бесни на некого, дали сте свесни или само се поистоветувате со својот бес? Подоцна, кога ќе се смирите, дали се задлабочувате во тоа искуство, се обидувате ли да го разберете? Од каде потекнува? Што го предизвикало? Не познавам друг пат што би ве довел до свесноста. Само она што се разбира може да се промени. Тоа што не се разбира, или за кое не сме свесни, се потиснува. Не се менува. Но, кога ќе се разбере, може да се смени… Станете  свесни за самите себе.

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.