Велигденски декорации и вапсани јајца – традиција и задоволство


Искористете го секој момент! Веднаш започнете со она што можете или мислите да можете“

Гете

Изминува месец март, по него следува април, месец кој ќе  понуди многу пролетни убавини. Со него пристигнува и еден од најголемите христијански празници –Велигден, ден кога го прославуваме воскреснувањето на Исус Христос.

Деновите во седмицата пред  празникот вообичаено ги поминуваме во подготовки.

На Велики четврток, рано во мугрите пред изгрејсонце ги вапсаме првите три јајца –  за здравје, среќа и бериќет. Некои домаќинки  ги вапсаат сите јајца. Најнапред се каснува малку леб, се вртиме кон исток и искажуваме благодарност преку кратка молитва.

Велики петок  е строг пост, од жал и тага за распнувањето  на Исус Христос.

На Велика сабота  се прават крајните подготовки, пред да го дочекаме празникот. Се работи по куќа, но постот се уште трае.

Неделата е  првиот ден од празникот  Велигден, Исусовото Воскреснување, кое во  домовите  го обележуваме со радост и празнична трпеза.

За жал годинава, со цел да се заштитиме од вирусот Ковит19  ќе мора да редуцираме дел од традициите што со години ги практикувавме, но сепак празникот ќе добие почесно место во нашите домови и комплетно ќе  се посветиме на деновите кои го наговесуваат Христовото воскреснување, но и на деновите потоа, денови во кои се изразува радост поради победата на синот Божји над смртта.

Видео запис – Оливера Станковска 2011 година

 

Имаме доволно време да ја разбудиме нашата фантазија, да бидеме креативни при подготовката на храната и во изработката на украсните декорации со кои ќе го разубавиме нашиот дом.

Овој чин ќе претставува особено задоволство за најмладите членови. Тие со посебна радост ќе се приклучат и ќе дадат сé од себе за разубавување на овие празнични денови.

Во прилог на текстов ќе споделам со вас фотографии од лични изработки. Се надевам дека во некои од нив ќе се пронајдете или тие ќе бидат инспирации за ваша лична креација.

ВАПСАЊЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА

Црвените јајца се секогаш присутни на оваа празнична трпеза, но понекогаш сакаме да направиме мала промена и да внесеме мало пролетно шаренило.

Секоја домаќинка има своја идеја за начинот на вапсање на велигденските јајца. Некои практикуваат вапсање на јајцата со лушпа од зеленчук или со лист од зеленчук: кромид, спанаќ и сл. Некои користат готови бои и во тој случај над вапсаното јајце поставуваат украсни сликички.

veligden

Еве идеја како можете со креп хартија да ги вапсате велигденските јајца:

Исечете парчиња од креп хартијата, големина колку  да се обвитка едно јајце.

This slideshow requires JavaScript.

Во посебен сад, налеваме алкохолен оцет и го ставаме настрана.

За вапсање користиме бели, свежи и тврдо варени јајца.

Подготвуваме длабок сад, може да биде пластично шише чиј горен дел го одстрануваме. Садот треба да биде висок и тесен.

На рацете ставаме ракавици.

Ги цедиме јајцата од водата во која се вареле и уште топли, едно по едно ги обвиткуваме со парче креп хартијата, која претходно ја натопуваме со оцет.

За вапсање користиме едно поголемо парче креп хартија, или повеќе мали парчиња во неколку бои, што ќе допринесе да се добијат повеќе нијанси.

Секое обвиткано јајце внимателно го положуваме во пластичното шише.

Ги оставаме јајцата да постојат  од 15 минути до ½ час со креп хартијата и потоа ја отсрануваме.

Јајцата ги премачкуваме со малку масло и ги одложуваме во украсна корпа. Со маслото тие добиваат дополнителен сјај.

 

DSCN2236

Со оваа постапка на вапсање, за кратко време добиваме прекрасно бојадисани велигденски јајца.

ЗЕЛЕНА ВЕЛИГДЕНСКА ПЧЕНИЦА

Да ја подготвиме Велигденската пченица. Потребно е две недели, пченицата да изрти и порасне до висина од десетина сантиметри.

На дното на садот во кој пченицата ќе рти и расте, положуваме тенок слој вата, претходно натопена со вода.

Пченицата ја ставаме над ватата. Со распрскувач за вода ја навлажнуваме. Вака подготвена пченицата ја одложуваме на топло и добро осветлено место. По неколку дена таа ќе почне да рти, а за две недели ќе ја достигне посакуваната висина. Потоа нека работи нашата фантазија. Постојат многу можности како да ја употребите зелената пченица, бидете креативни.

DSCN7241

DSCN7268

DSCN7272

DSCN7276

ВЕЛИГДЕНСКА ПОГАЧА

Велигденската погача или Велигденскиот колач е неизоставен дел од празничната трпеза. Лебот го симболизира Господ, а медот со кој ја премачкуваме погачата ги симболизира неговите апостоли.

DSCN7303
ВЕЛИГДЕНСКА ПОГАЧА
љљљ
ПЧЕНИЦА

 

Погачата, пченицата и виното можат да бидат послужени во рачно сликан порцелан и стакло. Подолу во фотографиите можете да проследите неколку лични изработки на порцелан и стакло со верски мотив.

46
ЧИНИЈА ЗА ПОГАЧА
49
ЧАШИ ЗА ВИНО
6
ЧИНИЈА ЗА ПЧЕНИЦА

 

24
ЧИНИЈА ЗА ПЧЕНИЦА

 

Изработката на рачно сликан порцелан, керамика и стакло бара време и трпение. Од таму е нивната уникатност и убавина. Се работи со љубов и секогаш е поинаков од останатиот шаран порцелан, керамика или стаклото кои ги среќаваме во продавниците.

ВЕЛИГДЕНСКИ ДЕКОРАЦИИ

Украсувањето на домот во чест на најголемиот празник Велигден претставува задоволство. Секој детал кој го додаваме и внесуваме во домот ја покажува нашата љубов и почит, пред се кон семејството, но и кон Севишниот. Не попусто во Евангелиото Исус вели: „ Давајте и ќе ви се даде“. Колку повеќе даруваме љубов, толку повеќе ја имаме. Упатената љубов се множи.

Многумина од нас поставуваат велигденски венец на надворешната врата.

DSCN2264
ВЕЛИГДЕНСКИ ВЕНЕЦ

 

Мислите се крила на душата. Тие те носат далеку, само кога се слободни. Ако се добри, ќе создадат големи добрини кои ќе бидат од корист на сите.“

Алонзо Њутн Бен

 

Не порекувам дека сите се радуваме на празничните декорации, но децата се тие кои најмногу ги сакаат. Честопати тие посакуваат да учествуваат во нивната изработка. Бидејќи тие се нашата иднина, да им ги покажеме чекорите со кои ќе се придвижат и ќе дојдат до вредностите на животот. Да ги даруваме со љубов, трпение и убав збор.

Орисон Свит Марден многу убаво вели:

Штом престане да напредува, да расте, да се шири и да продира во длабочините, човекот почнува да стагнира“.

Да го искористиме секој миг и да го исполниме со плодна содржина.

КРЕАТИВНИ ИЗРАБОТКИ ЗА НАЈМЛАДИТЕ

Во продолжение ви нудам неколку креативни изработки наменети за најмладите. Чувството кое се раѓа кога ќе подарите само вапцано јајце, не може да се спореди со  чувството кое се раѓа кога ќе подарите вапсано јајце во корпа. Децата се креативни и знаат што е убаво.

IMG_20200324_085151

6

IMG_20200324_085304

IMG_20200324_085736

 

IMG_20200324_085548

57362490_427795771288819_3650605387079483392_n

57540243_703212930081402_1241764144370155520_n

IMG_20200324_084029

IMG_20200324_090202

IMG_20200324_090427

IMG_20200324_090500

IMG_20200324_090659

IMG_20200324_084718

IMG_20200324_084512

 

Додајте мир во душата, љубов во срцето. Со верба во Бога, во слава на Христос, да се радуваме, да простуваме, да сакаме и да се почитуваме.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

Текст и фотографии: Оливера Станковска

Дел од моите креативни изработки можете да погледате ТУКА, или на мојот You Tube канал ТУКА.

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.