Повик за учество на работилници „ТРАДИЦИЈА НАСЛИКАНА НА ПОРЦЕЛАН“ во Крива Паланка


Зголемената заинтересираност за креативната уметност, сликање на порцелан, допринесе за реализирање на две бесплатни работилници во Крива Паланка, каде заинтересираните учесници ќе имаат можност да се здобијат со одредени знаења за техниката цртање и сликање на порцелан и воедно практично усовршување на оваа техника.

Креативна работилница за цртање и сликање на порцелан

Работилниците претставуваат активности кои се изведуваат во групи,  со цел да се совладаат одредени вештини преку теоретска и практична обука. При реализирање на работилниците се презентираат ралични методи и се  применуваат  многу креативни техники за учење и развој на темата која е предвидена за дадената работилница. При тоа учесниците за цело време се активни, комуникацијата помеѓу нив тече слободно, тие имаат можност да разменуваат мислења, да даваат предлози,  рамноправно да учествуваат во реализирање на темата.

Проектот насловен „ТРАДИЦИЈА НАСЛИКАНА НА ПОРЦЕЛАН“ е од национален интерес во културата за 2020 год. во категоријата за визуелни уметности, архитектура и дизајн, подржан од Министерството за култура. Авторот на проектот и инструктор Оливера Станковска, слободен уметник од Крива Паланка и Наталија Милковска, асистент на проектот, етнолог во ЛУ Градски музеј Крива Паланка ќе го реализираат проектот во неколку фази, во периодот на месец август и септември.

Во работилницата ќе учествуваат 15 лица, без разлика на полот и националната припадност. Учесниците ќе бидат поделени во 3 групи:

– 5 лица на возраст од 18 до 30 години
– 5 лица на возраст од 40 до 60 години
– 5 лица со посебни потреби (нема ограничување во годините)

Сите заинтересирани кандидати за учество на оваа бесплатна креативна работилница можат да се информираат ТУКА .

По извршената селекција, сите кандидати ќе бидат благовремено контактирани и известени за имињата на учесниците во работилницата, како и за термините во кои ќе бидат реализирани двете работилници.

Во месец септември следува реализирање на двете работилници.

Првата работилница ќе го опфати теоретскиот дел, запознавање со техниката цртање и сликање на порцелан. Работилницата ќе се одржува онлајн, со поставување видео споделено од каналатот Јутјуб во ФБ групата:

https://www.facebook.com/groups/anikostyle/

Сите учесници ќе имаат можност да пристапат до видеото, да споделуваат мислења, да поставуваат прашања и да добиваат одговори на прашањата.

Втората работилница или практичниот дел ќе биде практично усовршување на техниката цртање и сликање на порцелан преку цртање и сликање на етно мотиви од кривопаланечкиот крај. Работилницата ќе се одржува во просториите на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, со спазување на мерките за безбедност и заштита од Ковид19 според законот.

По реализирање на двете работилници, креативните изработки – сувенирите ќе бидат изложени и предадени во владение на сувенирницата при ЛУ Градски музеј Крива Паланка.

Воедно сите учесници ќе добијат благодарница за учество на работилниците.

Напишете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.