Еден питач, долги години седеше крај патот и питаше од туѓинците кои беа на поминување. Еден ден крај него минуваше еден туѓинец и тој му се обрати:
Би сакале ли да ми дадете малку ситни пари?
За жал немам ништо ситно – одговори туѓинецот. За момент се подзамисли и запраша:
Ќе ми кажеш ли на што седиш? Што е тоа?
Ништо посебно – одговори питачот – стар сандак. На него седам со години.
Си погледнал ли некогаш што има во него?
Питачот се замисли, стана од сандакот и го подотвори капакот. Се вчудоневиде. Сандакот беше полн со злато.
Богатството е во нас . Таму треба да го бараме.
Непознат автор